Нашата мултидисциплинарна екипа


Tagdevin е структуриран врз четири оски Информатика, Комерцијала (на домашен и меѓународен план), Комуникација и Управа.

Комплементарни компетенции


Управа

Francky TRICHET

Генерален директор - Nantes (FRANCE)

Професор по информатика на Универзитетот во Нант и истражувач во информатичката лабораторијата Laboratoire d'Informatique de Nantes Atlantique (LINA - UMR 6241). Francky Trichet се бави со истражувачка работа во областите на Инженерство на знаење и Семантички веб. Истовремено е одговорен на одделот "Информатички и комуникациски технологии" во рамки на универзитетската филијала за валоризација на истражувањето, иновации и трансфер на технологии.

http://www.francky-trichet.com


Интервју со Francky Trichet





Комуникации 

Laureen STAERKER

Односи со јавност - Nantes (FRANCE)

Дипломирана на Применети странски јазици за меѓународна трговија на Универзитетот во Анже (Angers), Laureen STAERKER, која зборува англиски и шпански е одговорна за односи со јавност.






Комерцијала 


Elise GARTION

Одговорна - Nantes (FRANCE)

Élise Gartion е менаџер на Ladyvin, компанија од Нант со широк спектар на активности во винската индустрија. Специјалист е за органско вино и за нови пазари. Со оглед на тоа што иновациите и популаризацијата на виното се нејзин главен интерес, таа е одговорна за комерцијалниот развој на Tagdevin во Франција и промоција на 2-Д баркодовите помеѓу винариите, дистрибутерите и продавниците.

Контакт:
Тел: 06 34 04 54 37
E-mail: elise.gartion@tagdevin.com
Веб сајт: http://www.ladyvin.com



Blaise De La Croix

Одговорен - Шведска

Дипломиран на IEP d'Aix en Provence и со постдипломски студии од политички науки Правен факултет на Универзитетот Aix-Marseille III и Umeï Универзитетот - Шведска, Blaise de La Croix одговорен е за консултант специјализиран за односи со јавност и маркетинг за Шведска. Тој е поранешен одговорен на студиите на Францускиот центар за надворешна трговија (сега UBIFRANCE) и бил директор на Sopexa во Шведска како и одговорен за комуникација на повеќе винарски региони. Негова е заслугата за повеќе настани врзани со виното, како " Rosé Wine tasting " за време на Саемот Vinordic во Стокхолм во април 2010. Неговата мисија е комерцијализација на сервисите на Tagdevin во Шведска и во другите нордиски земји (Данска, Финска и Норвешка).



Vladimir Radevski

Одговорен - Македонија

Владимир Радевски е вонреден професор на Факултетот за Современи науки и технологии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Доктор на науки од Универзитетот Париз 13, Франција од 2000г. – тој е со богато академско искуство на повеќе меѓународни програми и универзитети. Истражува во областите на семантички веб, пресметувачка интелигенција и учесник во повеќе меѓународни истражувачки и апликативни проекти. Пасиониран љубител на јазици (зборува англиски, француски, турски и неколку балкански јазици) ко-основач е на конзорциумот ВАПА (http://www.vapa.mk) за повеќејазични информатички решенија и ко-автор на првата iPhone апликација за комуникација на Балканот – iBalkans.
Тој е одговорен за комерцијализација на Tagdevin во Република Македонија и на Балканот како и за соодветна информатичка и повеќејазична поддршка.
contact-m@tagdevin.com




Информатика

Christophe RENAUDINEAU

Одговорен за информатички развој - Nantes (FRANCE)

Инженер по информатика, специјалист за веб технологии Christophe RENAUDINEAU е со компетентност во компјутерска графика и иновативни решенија. Експерт е за новите веб технологии(Google Web Toolkit, Flash CS et actionScript, Javascript, J2EE etc.) и е пасиониран од веб пребарувачите (семантички пребарувачи, анализи на општествени мрежи...). Динамичен и прагматичен, одговорен е за добра работна екипа и одвивање на проектите.


Contact | Mentions légales
Copyright 2007 - SAS Capacités - Tout droit réservé
26 boulevard Vincent Gache 44200 Nantes (SIRET 483 434 247 00019) - Capital de 154.500 euros

English

Franais

Macdonien